Почетна » Новости » Мода » Миранда Кер го отвори плакарот за „Вог“ и ги покажа своите омилени модни парчиња

Миранда Кер го отвори плакарот за „Вог“ и ги покажа своите омилени модни парчиња

Миранда Кер ни даде можност да ѕирнеме во нејзиниот моден свет.

37-годишната манекенка го отвори плакарот за британскиот „Вог“. Во новата епизода од серијалот „Inside The Wardrobe“, поранешниот ангел на Victoria’s Secret ги покажува омилените модни парчиња. Во нив се вбројуваат удобни фармерки, совршени бели патики, црни балетанки, високи црни чизми над колената, црна кожна јакна, комфорни фустанчиња...

„Модните додатоци можат да го подобрат или уништат секој изглед. Затоа мислам дека е важно да инвестирате во обувки и чанти“ – ова е стилскиот совет на Кер, која до неодамна се вбројуваше во најплатените модели во модната индустрија.

Миранда беше еден од ангелите на VS од 2007 до 2012 година.

Миранда Кер Миранда Кер Миранда Кер

Таа сега е во брак со основачот на Snapchat, Еван Спигел и заедно имаат две деца.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20830 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.