Меланија и Доналд Трамп беа домаќини на церемонија по повод потпишувањето на историски мировен договор меѓу Израел, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин.
74-годишниот Претседател и 50-годишната Прва дама на САД ги пречекаа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата сопруга Сара во Белата куќа.
Меланија беше облечена во тегет фустан со бели филигран декорации од модната куќа Прада и бели салонки од Кристијан Лобутин.
За свеченоста, Сара избра син фустан од тантела, украсен со бисери, со складна наметка и бежови обувки.
По потпишувањето на договорот, Трамп изјави: „По децении на поделби и конфликт, ја одбележуваме зората на новиот Блиски Исток.“