Меланија Трамп со беспрекорно дамско издание пленеше погледи за време на средбата со кралицата Елизабета во Лондон.
Првата дама на САД и нејзиниот сопруг Доналд слетаа со хеликоптер на тревникот на Бакингемската палата, каде беа пречекани од принцот Чарлс и војвотката Камила.
Кралицата Елизабета го пресретна парот на влезот на палатата и го покани на свечен ручек.
49-годишната Прва дама носеше бел фустан од Долче и Габана со темносини детали, како и складен шешир од Ерв Пјер.