Меланија Трамп ја одбележа првата годишнина од стартувањето на нејзината иницијатива „Be Best“ и најави експанзија на истата.
Првата дама на САД со широка насмевка се појави во градината на Белата куќа во тексас фустан од Емилија Викстед и „лобутинки“ и се дружеше со гостите.
47-годишната сопруга на Доналд Трамп им раскажа на присутните како тинејџери од средно училиште модифицирале електрична количка за специфичните потреби на 5-годишниот Роко, кој има ретка форма на нарушување на растот.
„Ова навистина покажува што значи да бидеш најдобар (Be Best)“ – рече таа и им се заблагодари на посветените средношколци кои го промениле животот на малиот Роко.