Доналд и Меланија Трамп имаа официјална средба со Анджеј и Агата Дуда во Белата куќа.
72-годишниот Преседател и 49-годишната Прва дама на САД организираа свечен дочек за 47-годишниот Претседател на Полска и неговата сопруга.
За средбата, Меланија шармираше во розов костум од Келвин Клајн, кој го искомбинира со бела кошула и салонки со потпис на Маноло Бланик, додека полската Прва дама изгледаше елегантно во црно-бела креација.