Доналд Трамп за првпат го посети „Камп Дејвид“, рустичното одморалиште во кое се релаксирале сите претседатели на САД во изминативе седум децении. За лежерниот викенд, нему му се придружија Меланија и Барон Трамп.
На заминувањето, првата дама на САД беше фотографирана на тревникот пред Белата куќа во летна комбинација со кошула-фустан од Габриела Херст, колан од Мајкл Корс и удобни балетанки.
На крајот од краткиот одмор, Меланија се врати во Белата куќа во кежуал издание со бела кошула и тесни фармерки во маслинесто-зелена боја.