Меланија Трамп радуваше дечиња во воена база во Вашингтон и ја поттикнуваше нивната дарежливост. Првата дама на САД помогна во сортирањето и завиткувањето на подароци и правењето на празнични картички.
47-годишната сопруга на Доналд Трамп шармираше со зелено палто од Прада, бежови панталони и чизми од Џанвито Роси.
Настанот е организиран од фондацијата „Toys for Tots“. Целта е да се соберат 7 милиони играчки и да им се дадат за Божиќ на деца чии родители немаат можност да купуваат подароци за празниците.