Меган Маркл го прекина породилното отсуство поради кралските должности. 37-годишната Војвотка присуствуваше на парада по повод 93-тиот роденден на кралицата Елизабета.
На „Trooping the Colour“, еден месец по раѓањето на синчето Арчи, Меган се појави во тегет аутфит од Живанши. Таа стигна во Бакингемската палата во кочија, заедно со принцот Хари, војвотката Кетрин и војвотката Камила.
Од големиот балкон, кралското семејство ја поздрави големата топла и го проследи небесното колоритно шоу на Кралските воздушни сили.
Церемонијата „Trooping the Colour“ е официјалната прослава за роденденот на Кралицата, а секоја година се одржува во сабота во текот на јуни.
Парадата за овој специјален ден вклучува над 1.400 војници, 200 коњи и 400 музичари.
Меган се појави пред медиумските камери точно пред еден месец, за да го претстави синчето Арчи кое го роди два дена претходно.