Меган Маркл во дамски стајлинг се појави на спортски настан. 40-годишната поранешна актерка му додели трофеј на тимот на принцот Хари кој победи во поло турнир.
На настанот во Санта Барбара, Меган се појави во црно-бела модна комбинација и по врачувањето на наградите, таа го бакна својот сопруг.
Нејзиниот стајлинг се состоеше од широки бели панталони, црна кошула со бели точки, црни обувки и шешир за сонце.