Меган Маркл одушеви со модниот избор за време на прием на Комонвелтот посветен на зајакнување на жените. Идната сопруга на принцот Хари носеше црн фустан од брендот Black Halo, инспириран од Џеки Кенеди.
Истиот тој фустан, кој зрачи со класична елеганција, во изминатите години беше носен од бројни славни личности.
Блејк Лајвли ја носеше истата креација, но во бела боја на настан во 2006 година.
Ким Кардашијан го направи истиот стилски избор во 2007 година.
Тајра Бејнкс заведуваше во бежова варијанта на фустанот во 2010, а виолетова во 2009 година.
Кетрин Хајгл го избра овој моден дизајн во сина боја за црвениот тепих во 2009 година.