Меган Маркл и принцот Хари ја примија почесната „Претседателска награда“ на манифестацијата NAACP Image Awards.
Тие го добија признанието за нивната филантропска работа преку „Фондацијата Арчивел“ во врска со пандемијата, движењето Black Lives Matter и борбата за расна правда.
На почетокот на својот говор, Хари изрази силна поддршка кон украинскиот народ, а потоа рече: „Имам многу поразлично потекло од мојата неверојатна сопруга, а нашите животи се споија со причина. Ги споделуваме посветеноста на живот во служба на другите, одговорноста да се бориме со неправдата и верувањето дека е најважно да бидат слушнати оние кои најчесто се најзанемарени.“
Меган изгледаше прекрасно во креација на едно рамо во кралска сина нијанса од дизајнерот Кристофер Џон Роџерс. Од модни додатоци, таа избра гламурозни сандали од Aquazzura, обетки од Alexis Bittar, алка од Cartier и златна алка која ѝ припаѓаше на принцезата Дијана.
На свеченоста присуствуваше и мајката на Меган, Дoрија.