Мајкл Корс го ангажира врвниот фотограф Марио Тестино за визуелно да ја прикаже неговата визија за претстојната модна сезона.
За кампањата за главната колекција, американскиот дизајнер ја покани Џоан Смолс. „Комбинацијата на сила и женственост беше во јадрото на колекцијата, а Џоан Смолс е совршено олицетворение на тој дух“ – изјавил Корс.
За колекцијата Michael Michael Kors, тој ги повика пред камерата „ангелите“ Тејлор Хил и Роми Страјд. Фотографиите се во „папарацо стил“, направени со идејата да се долови луксузниот стил на живот на новата генерација супермодели.