Самодоверба, смелост, сексапил и урбана елеганција зрачат од фотографиите на Мика Џинели. Блогерката со моќна појава импресионира со чувството за стил и со бестрашноста при експериментирањето со фризурите.
Потпирајќи се на своето искуство во областа на модниот дизајн, згодната девојка започна да го документира својот стил онлајн во 2011 година и досега има придобиено стотици илјади следбеници.
„Се инспирирам од многу луѓе и нешта, па тешко е да посочам еден извор. Никогаш не останувам без музика, па таа ме инспирира многу. И дигиталните и социјалните медиуми ми нудат многу, па добивам идеи со самото тоа што разлистувам на Tumblr или Instagram“ – вели таа.