Билјана Јаневска ја претставуваше нашата држава на изборот за „Мис Модел Туризам во Светот“, кој оваа година беше организиран од Јамајка.
Македонската убавица беше избрана за прва придружничка на натпреварот за убавина кој се одржа виртуелно.
Јаневска освои и три други награди „Best in Swimwear“, „Best Physique“ и „Multimedia winner“.
„Самиот настан со себе си носеше своја тежина. Навистина не е лесно да сносиш толку голем товар на себе, посебно изминативе месеци. Снимавме многу промо видеа, големи припреми на голема победа. Но сиот труд се исплати на крај. Претпоставував дека нешто ќе се случи, но не ни помислував дека ќе дојдам на вакво место.“
„Настанот сам по себе си носи и убави работи и баш дека е виртуелно е уште потешко. Со Јамајка сме разлика 7 часа и јас морав да следам 'будно', до рани утрински часови, па потоа да се спремам за на работа. Сè се заврши триумфално. Благодарам до сите што ме поддржуваа и следеа. Пресреќна сум. Точно било тоа што велат луѓето: ‘Пази што ќе замислиш, ќе ти се исполни!’“ – изјави Билјана за Femina.mk.