Кралицата Летиција шармираше во бојата која ќе ја одбележи оваа сезона.
За официјален настан во Мадрид, 49-годишната сопруга на шпанскиот крал носеше розов фустан од Каролина Ерера. Својот стајлинг, таа го комплетираше со елегантни бежови обувки и чантичка.
Летиција ги пречека сопругите и сопрузите на претседателите на земјите-членки на НАТО, кои престојуваа во Шпанија за новиот самит. Меѓу нив беше и нашата прва дама Елизабета Ѓоргиевска.