Модерна елеганција преовладува низ фотографиите на модната блогерка Лана Ел Сахели, која минатата година го привлече светското внимание со својата спектакуларна свадба.
Влијателната трендсетерка, чиј блог „L’armoire De Lana“ е еден од најпознатите модни блогови во Либан, е редовна гостинка на модните недели организирани во европските метрополи, од каде известува за најновите трендови. Лана отворено ги споделува своите тајни за модерен изглед со своите фанови.
Убавата Либанка е огромна обожавателка на своите сограѓани Ели Сааб, Рами Кади, Хусен Базаза и Басил Сода, па не изненадување што токму Сааб беше ангажиран да ја создаде нејзината венчаница за свадбениот ден.
Мотото на Лана е: „Работи напорно“, а најдобриот совет: „Биди она што си“.