Кралицата Ранија ѝ организираше специјална забава на Раџва Ал-Сеиф. Пред свадбата со нејзиниот син Хусеин, јорданската кралица ја почести идната снаа со традиционална прослава.
Ранија зрачеше со кралска елеганција во раскошна сина креација од Saiid Kobeisy, а идната невеста носеше бело-златна креација од Honayda Serafi.
На забавата присуствуваа и двете ќерки на Ранија – Иман и Салма.