Кралицата Ранија плени со беспрекорен стил. За средбата со Емануел и Брижит Макрон во Париз, 52-годишната кралица на Јордан шармираше во нежен фустан во бебешко сина нијанса.
Плисираната креација е дело на Брендон Максвел, а во својот стајлинг, Ранија додаде бели салонки од Џими Чу и чантичка од Фенди.
Кралицата Ранија и кралот Абдула со нивниот син, принцот Хусеин, заедно пристигнаа во Елисејската палата.
Претходно, Ранија одушеви во уште една модна комбинација.