Наоми Кембел организираше хуманитарна гала во Кан. На настанот „Fashion for Relief“ присуствуваа многу лица од светот на шоу-бизнисот.
Специјална гостинка на вечерта беше кралицата Ранија. 46-годишната припадничка на јорданското кралско семејство уште еднаш го покажа своето изострено чувство за мода.
На црвениот тепих таа зачекори во бела креација од Живанши, а потоа позираше со Наоми Кембел и Донатела Версаче.
Собраните средства од галата и аукцијата која се одржа синоќа ќе бидат наменети за деца-бегалци и деца засегнати од војни и природни катастрофи.