Во изминатиов период, кралицата Летиција и кралот Фелипе поради коронавирусот ги исполнуваа кралските обврски од дистанца со помош на технологија, а сега постепено им се враќаат на личните средби.
Шпанскиот кралски пар посети спортски центар во Мадрид каде се сретна со атлетичари кои одново можат да тренираат по принудната пауза која беше резултат на пандемијата.
47-годишната Кралица беше облечена во светла комбинација од бел костум и маичка со точкест принт од Mango, како и еспадрили на плута од Mint&Rose.