Кралицата Летиција ги замени отмените фустани со лежерна облека за семејниот летен одмор.
49-годишната Кралица на Шпанија е на традиционално летно патување во Палма де Мајорка со кралот Фелипе и ќерките, а нејзиниот стил ги полни рубриките за мода.
За време на прошетка во привлечниот град, таа носеше лежерна комбинација која го истакна нејзиниот темен тен. Белата кошула е со потпис на Hugo Boss, шорцевите со риги се од брендот Pimkie, а чантата од FEEL Mallorca.
Принцезата Софија беше облечена во Sfera фустан, а принцезата Леонор во креација од Mango.