Кралицата Летиција и кралот Фелипе ја започнаа првата официјална посета на Велика Британија.
Шпанскиот кралски пар се сретна со припадниците на британското кралско семејство за време на свечениот пречек.
Летиција и Фелипе прво се сретнаа со принцот Чарлс и неговата сопруга Камила, а потоа и со кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг Филип.
Тридневната посета 44-годишната кралица на Шпанија ја започна со жолт стајлинг кој вклучуваше жолт фустан и летно палто од нејзиниот омилен дизајнер Фелипе Варела, обувки од Прада и шапка од Марија Нието.