Војвотката Кетрин се дружеше со деца и родители во Лондон. 37-годишната припадничка на британското кралско семејство посети детски центар за подобро да се запознае со Family Nurse Partnership, волонтерска програма која овозможува медицински сестри да посетуваат млади мајки во нивните домови.
Кетрин избра класична комбинација со црни панталони и кошула од Equipment со точкест принт.