Кејт Хадсон во соработка со Џими Чу направи стилски фото-дневник, претставувајќи ги своите омилени модели од колекцијата есен/зима 2015 на модниот бренд.
36-годишната актерка неретко одушевува на црвениот тепих и со стилскиот избор во секојдневието. „Отсекогаш ме привлекувале 70-тите – секси, со голема слобода во естетиката. Мои модни икони се Џули Кристи, Анита Паленберг, Кејт Мос и Шер“ – рекла Хадсон, коментирајќи го својот стил.
Том Крег ја фотографираше филмската ѕвезда во Лондон.