„Вог“ ја покани Кендал Џенер да биде дел од фотосесијата инспирирана од „Алиса во земјата на чудата“. 20-годишниот модел со руса коса позираше во креации од Alexander McQueen, Dior, Louis Vuitton, Marc Jacobs, Alexander Wang, Proenza Schouler, Saint Laurent и Miu Miu.
Фотографиите се дел од декемвриското издание на модната библија, а ги потпишува познатото фотографско дуо Мерт и Маркус.