Италијанскиот бренд за накит Rebecca веќе 3 години ја испишува својата стилска приказна на македонскиот пазар и полека, но сигурно, ги освојува симпатиите на македонските дами, како со својот дизајн, така и со најновите модни трендови.
На атрактивните колекции од Rebecca не можат да им одолеат ниту тинејџерките ниту дамите со изграден личен стил, а парчињата накит инспирирани од италијанската убавина совршено прилегаат и делотворно се вткајуваат во секоја модна комбинација: од секојдневна кежуал варијанта до деловна елеганција со доза гламур, како и свечен изглед со вонвременски шмек.
Префинетиот дизајн, кој е главна одлика на секое парче од накитот, специјалните техники на негова изработка и спојот од високо квалитетни материјали и јувелирска умешност се главните причини поради кои за кусо време овој накит се наметна како фаворит и кај македонските дами.
Вистински амбасадор на брендот Rebecca во Македонија е музичката уметница Каролина Гочева – Корубин, која е дел од оваа стилска сторија уште од самиот почеток. Најновата кампања на Rebecca ja пренесе објективот на Дарко Мораитов, а за изгледот на Каролина и моделот за тин-линијата на брендот, Кики од „Дајте музика“, се погрижија Даниел Николовски, Александар Дадар и Октај Сејди.
Каролина подетално ни опиша аспекти од возбудливата модна соработка:
Веќе три години си амбасадор на Rebecca за македонскиот пазар, а неодамна со младата актерка Кики работевте на последната кампања, па можеш ли да ни раскажеш како се одвиваше снимањето и да ни издвоиш некој интересен момент?
Каролина
- Искуството ми е исклучително убаво и пријатно, пред сè затоа што многу сакам да работам со жени, а во случајов многу ми се допаѓа и накитот и многу парчиња носам и приватно со задоволство.
Со Кики се запознавме уште на првото снимање за првата кампања на Rebecca во 2018 каде таа ми кажа дека нејзина огромна желба е еден ден заедно да бидеме дел од ваква кампања. Нејзината желба се исполни, а нашиот заеднички ангажман на крајот се исплатеше. Добивме супер кампања со одлична содржина.
Видео од зад сцената
Спомена дека и приватно го носиш накитот на Rebecca. Како го стилизираш во секојдневните комбинации?
- Сакам едноставни, ненападни, минималистички форми и последниве години сè повеќе ги поврзувам работите што ги носам приватно со она што би го изнела на сцена. Едноставно кажано, сакам работи кои ми „личат на мене“ иако, конкретно за накитот, знам да примам сугестии и од тимот на Rebecca и од мојот стилист.
Веројатно имаш многу фаворити. Можеш ли да издвоиш омилена колекција од Rebecca?
- Не се двојам од ланчето со имињата на моите внуки кое припаѓа на колекцијата MyWorld Silver кое често знам да го искомбинирам со ланче со иницијалот „К“ кој го добив за подарок од своја драга пријателка. А од последните колекции, омилено ми е смарагдно-зеленото ланче од колекцијата Palermo, и секако раскошната привлечност на бисерниот накит кој исто така е од линија на безвременската колекцијата Palermo.
Изминатиов период имаше низа настани, беше дел од 85-годишниот јубилеј на една од најуспешните компании во регионот „Алкалоид АД Скопје“, го отвори 42-рото издание на „Браќа Манаки“, одржа и онлајн концерт во живо од Пелистер... Со оглед дека стилистката Цаци Паковска е задолжена за стајлинзите, јавноста не остана рамнодушна на секое твое издание, а не остана незабележано и дека префинетиот и модерен изглед на сите овие настапи беше надополнет со накит од Rebecca. Чиј беше изборот на накитот?
- Позната сум како лојален соработник, па за стајлингот со години наназад се грижи моја Цаци, која ме познава одлично и секогаш за многу кратко време наоѓаме нешто кое одговара на приликата и секако, на моето моментално расположение. И на крај, накитот на Rebecca ни доаѓа како зачин на тоа што сме го смислиле. Ова важи за сите горенаведени настани, а и за тие што доаѓаат во блиска иднина.
Видео
База на италијанскиот шарм и гламурот на Rebecca останува Ramstore mall, каде наскоро се најавуваат и новитети, но префинетиот трендовски дизајн дефинитивно не изостанува ниту во новиот салон на Rebecca Македонија во East Gate Mall, со амбиент креиран за вистинско модно уживање!