Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Магична и неповторлива: Каролина Гочева беспрекорно елегантна во црни креации и накит Rebecca на концертите во Скопје

Магична и неповторлива: Каролина Гочева беспрекорно елегантна во црни креации и накит Rebecca на концертите во Скопје

Пееше од душа и за душа, пленеше со милозвучниот глас, изненадуваше со стари и нови хитови, одушевуваше со отменоста... Каролина Гочева ги поведе своите фанови на музички патувања за време на двата концерти со оркестарот на Македонската филхармонија.

Македонското девојче со елегантни комбинации со интригантни модни додатоци ја шармираше публиката. Вешто танцувајќи помеѓу концептите „дамска елеганција“ и „умерен гламур“, нашата ѕвезда блескаше во темни стајлинзи од нејзината долгогодишна соработничка Цаци Паковска.

Каролина Гочева

Црната комбинација на првиот концерт беше надополнета со префинет накит од колекцијата „Lucciole“ од италијанскиот бренд Rebecca, кој пред три месеци го отвори првиот продажен салон во Скопје и кој во Каролина веднаш препозна идеално заштитно лице.

Каролина Гочева Каролина Гочева Каролина Гочева Каролина Гочева

На вториот концерт славната пејачка носеше транспарентен фустан од деликатна тантела, „зачинет“ со впечатливи обетки и белезица од колекцијата „The Lion Queen“ на Rebecca.

Каролина Гочева Каролина Гочева Каролина Гочева Каролина Гочева Каролина Гочева

Каролина ќе ги забавува обожавателите и на претстојните концерти – 20 и 22 февруари.

Изведбата на „Се лажам себе“ на вториот концерт

Фотографии: Филип Вирановски и Stefan Rajhl

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.