Џиџи и Бела Хадид се разголија за „Вог“. Славните сестри како од мајка родени позираа пред објективот на Стивен Мејзел за фотосесија за мартовското издание на модната библија.
Покрај црно-белата фотографија на која 22-годишната Џиџи и 21-годишната Бела се целосно голи, објавени се уште две фотографии на кои тие носат иста креација од Версаче.