Јулија Пољачихина е новата Мис Русија. 18-годишната студентка ги победи останатите 49 натпреварувачки и беше крунисана на свеченост која се одржа во близина на Москва.
Убавата мисица доби круна изработена од бело злато и скапоцени камења, три милиони рубљи и автомобил. Исто така, Јулија ќе ја претставува својата татковина на „Мис на светот“ и „Мис Универзум“.
Блескавата круна Јулија ја прими од минатогодишната победничка Полина Попова.
Виолета Туркин беше прогласена за прва придружничка, додека Наталија Строева ја доби титулата втора придружничка.