Новата колекција на Зухаир Мурад ја носи на виделина женската убавина.
Насловена „Ripple of Matter”, колекцијата е инспирирана од волшебни пејзажи кои се кријат на разни места од нашата планета.
Планината на виножитото во Перу, солената купола на Загрос и мермерните пештери во Патагонија се дел од природните формации кои ја распламтија креативноста на Мурад при дизајнирањето на новите модни парчиња.