Маријано Ди Вајо, Италијанецот кој растреперува женски срца, е ѕвезда во новата кампања на Долче и Габана.
Згодниот модел и блогер го презентираше парфемот „King“ со фотосесија и рекламно видео.
„Биди свој крал“ – напиша тој во описот на видеото кое го објави на Instagram.
Маријано и претходно има соработувано со италијанскиот бренд за промоција на парфемот „King“.
Маријано е познат како најзгодниот татко на Instagram. Тој и неговата сопруга Елеонора имаат четири мали дечиња.