Принцезата Дина Абдулазиз од Саудиска Арабија станува највлијателната трендсетерка на Блискиот Исток. „Вог“ го прошири своето семејство во Арабија, а за уредничка ја избра токму Дина.
Стилот на 41-годишната мајка на три деца е спој на светските модни трендови и безвременската елеганција, но честопати во него се насетува влијанието на модата карактеристична за Блискиот Исток. Елегантната принцеза редовно ги привлекува објективите на фоторепортерите за време на модните недели низ светот.
Модерната дама од Истокот не се плаши да носи креации со смели принтови, но тие секогаш се одлично комбинирани. Здолништата со висок струк се „must-have“ за неа.
„Арапскиот свет се состои од 350 милиони лица, кои никогаш немале Вог. Времето дојде“ – вели Дина, која во 1998 година се омажи со член на саудиското кралско семејство, султанот бин Фахад бин Насер.
„Сакам списанието да биде љубовно писмо до Арабија“ – додава таа.
„Вог“ Арабија е 22. издание на „Вог“ низ светот. Се очекува првиот број да биде отпечатен напролет.