Рами Ал Али знае како да направи секоја жена да се чувствува како божица. Сирискиот дизајнер креираше фустани кои зрачат со елеганција и кралска отменост.
На ревија во рамките на Париската недела на високата мода, тој ја презентираше колекцијата за сезоната пролет/лето 2023.
При креирањето, Рами црпел инспирација од „една од најстарите басни на грчката митологија, ‘Златното руно’, за да раскаже сарторијална приказна со вечна привлечност“.