Од ателјето на Рами Ал Али произлезе нова колекција која има моќ да ја одушеви секоја романтичарка.
Сирискиот дизајнер со фотосесија ја презентираше колекцијата висока мода
„Рами Ал Али ја откри својата колекција висока мода за пролет/лето 2022 година која оддава почит на зората на пролетта. Волшебната колекција се состои од 22 уникатни креации кои ја истражуваат убавината на пејзажите додека тие еволуираат од една сезона во друга“ – стои во описот на Instagram.
Пастелни нијанси и црна боја доминираат низ уникатните дизајни кои се фузија на модерен и класичен стил.
Колекцијата беше презентирана во рамките на Париската недела на високата мода.