Војвотката Кетрин неретко е опсипувана само со комплименти за своите стилски избори.
35-годишната претставничка на британското кралско семејство повторно го привлече вниманието со нов стилски погодок, кога се појави на гала вечерата во Националната портретна галерија во Лондон.
За свеченоста, елегантната сопруга на принцот Вилијам избра зелен женствен фустан со чипка од една од нејзините омилени дизајнерки Елис Темперли, која стои зад брендот Temperley London.
Својот изглед за вечерта, Кетрин го комплетираше со чантичка од Wilbur & Gussie и обувки од Jimmy Choo.