Војвотката Кетрин со задоволство присуствуваше на отворањето на градина „Back to Nature“, која ги поттикнува децата да поминуваат што повеќе време надвор во природа.
37-годишната припадничка на британското кралско семејство пленеше во цветен фустан со долги ракави од Емилија Викстед.
Кетрин се забавуваше со дечињата кои си играа во градината и се возеше со дел од нив во приколка на трактор.
Со настанот во Вокен, Англија, се акцентира дека престојот во природа го збогатува раниот развој кај децата.