Воопшто не зачудува фактот што Зухаир Мурад зазема посебно место во женските срца, затоа што секоја негова креација гравитира околу софистициран микс на елеганција и префинетост.
Со новата колекција невестински фустани либанскиот дизајнер не само што го покажува своето мајсторство, туку и им дава генијални предлози на идните невести. Неколку од моделите можат целосно да се трансформираат со специјални додатоци кои се носат врз венчаницата.
Имено, ова е фустанот наречен „Џесика“...

Но, со облекување на специјално „палто“ од тантела, фустанот добива целосно нов изглед, што би израдувало многу дами на свадбениот ден.

Ова е фустанот „Мартина“...

„Мартина“ + додаток на здолништето:

„Мартина“ + додаток на здолништето + нежна блуза:

Класичните силуети ја диктираат колекцијата, а слоевитото редење на нежните ткаенини резултира со волуменозен изглед кој се асоцира со раскош.
















