Зухаир Мурад со молскавична брзина го зголемува кругот на обожавателки. Фрлете само еден поглед на новата колекција и ќе ви стане јасно зошто.
Творејќи по веќе проверена формула која спојува сексапил, женственост, раскош и умерена доза романтика, славниот Либанец успева да стигне до дами со најразлични модни преференции.
За колекцијата висока мода пролет/лето 2017 тој се инспирираше од колоритни огномети, но и од ексцентричноста на стилот од 80-тите години (панделки, нагласени раменици, впечатливи карнери).
Ревијата се одржа во Hotel Potocki во Париз.
Погледнете ја целата ревија: