Синоќа за првпат се одржа манифестацијата „Justice Albie Awards“, организирана од фондацијата на Џорџ и Амал Клуни. На настанот им се оддаде признание на новинари, лидери за човекови права и други бранители на глобалната правда кои се изложени на голем ризик поради она што го прават.
На свеченоста присуствуваа бројни ѕвезди од шоу-бизнисот. Погледнете како изгледаа познатите личности на црвениот тепих во Њујоршката јавна библиотека:
Џорџ и Амал Клуни
Донатела Версаче
67-годишната дизајнерка зачекори на црвениот тепих во виолетова креација од сопственото ателје.
Синди Крафорд и Ренди Гербер
56-годишниот поранешен супермодел ја истакна витката линија во долг црн фустан. Синди позираше на црвениот тепих покрај сопругот Ренди Гербер со кого е во брак од 1998 година.
Дуа Липа
Младата пејачка со потекло од Косово носеше креација од Versace.
Зои Дојч
Ѕвездата од спотот на Ед Ширан за „Perfect“ заведуваше во црвена креација од Michael Kors.
Камила Морон
Поранешната девојка на Леонардо Дикаприо својот изглед ѝ го довери на модната куќа Burberry.
Џема Чен
Чен се облече во фустан од Jason Wu.
Џулија Робертс
54-годишната актерка зрачеше со харизма во комбинација од Burberry.
Лори Харви
Лори за оваа пригода избра модели од Burberry.
Трејси Елис Рос
49-годишната актерка носеше облека од Alexander McQueen.
Фиби Дајневор
27-годишната ѕвезда од серијата „Bridgerton“ носеше дизајн од Louis Vuitton.
Џоди Тарнер-Смит
Џоди Тарнер-Смит избра впечатлив фустан од Christian Siriano.
Дру Баримор
Дру се појави на настанот во црна креација со наметка од Brandon Maxwell.