Меган Маркл привлекуваше внимание во две различни модни комбинации на настани во Њујорк.
40-годишната поранешна актерка избра деловен стајлинг за посетата на Генералното собрание на ООН, каде принцот Хари одржа говор.
Црното здолниште доаѓа од модната куќа Живанши, а Меган го искомбинира со блуза со кратки ракави, чантичка од Малбери и салонки од Маноло Бланик.
Меган беше видена и во Сохо заедно со активистката Глорија Стејнем. За оваа пригода, таа носеше кратки тегет панталони, бела кошула и чантичка, колан и обувки во кафеава нијанса.