Почетна » Новости » Мода » Деловна дама: Амал Клуни модерна во две комбинации во Њујорк

Деловна дама: Амал Клуни модерна во две комбинации во Њујорк

Амал Клуни со стил ги извршува професионалните обврски во Њујорк. 44-годишната адвокатка и активистика имаше повеќе состаноци во Големото јаболко и одржа говор во Обединетите нации посветен на жртвите во Украина.

Популарната сопруга на Џорџ Клуни беше пресретната од фоторепортери непосредно пред нејзиното појавување во ОН, а нејзиниот стајлинг наиде на многу комплименти.

Црниот комплет со точки и едноставната чанта се дело на модната куќа Кристијан Диор. Целосниот изглед оддаваше ретро вибрации, па така и очилата за сонце беа во стилот на 60-тите, а црвениот маникир само го засили ретро моментот.

Амал Клуни Амал Клуни Амал Клуни Амал Клуни Амал Клуни Амал Клуни

„Украина денес е кланица – точно во срцето на Европа“ – рече таа на состанокот и побара од ОН да се фокусираат на правни дејствија во име на украинските жртви на конфликтот.

Амал беше видена и во светла пролетна комбинација.

Амал Клуни Амал Клуни Амал Клуни Амал Клуни Амал Клуни

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.