Ели Сааб ги искористи своите волшебни раце за да дизајнира венчаници кои инстантно ќе ги заробат женските срца.
Талентираниот Либанец ја збогати својата специјална линија Eli Saab Bridal со нови беспрекорно елегантни фустани и модни додатоци за идните невести.
Префинетите креации направени од нежен тул, деликатна чипка и везови се украсени со цветни апликации со 3D ефект, а за нивно креирање славниот дизајнер се инспирирал од раскошна цветна градина.