Пенелопе Круз доминира на Филмскиот фестивал во Венеција со два нови филма. Шпанската убавица синоќа присуствуваше на премиерата на „Competencia Oficial“ заедно со Антонио Бандерас, кој ја има главната машка улога во комедијата.
47-годишната актерка изгледаше модерно и елегантно во бел фустан на едно рамо од Шанел.
Всушност, целата облека на Круз за Венеција е со потпис на Шанел, а се базира на комбинации на црно и бело.
Трејлер за „Competencia Oficial“
На премиерата на „Madres Paralelas“, таа носеше црна креација со бели панели со кратки реси. Овој филм е осма филмска соработка на Круз со Педро Алмодовар и беше топло дочекан од критичарите. Екипата се радуваше на 8-минутни овации од публиката во Венеција.