Меланија Трамп остави силен впечаток кај присутните на официјална вечера во Токио, Јапонија.
Првата дама на САД носеше црвен фустан од Валентино и соодветни салонки од Маноло Бланик на свеченоста организирана од јапонскиот премиер Шинзо Абе.
Истиот ден, Меланија посети основно училиште заедно со сопругата на Шинзо, Акие Абе. Во таа пригода, 47-годишната сопруга на Доналд Трамп носеше тегет креација од Диор.
Учениците со раширени раце ја пречекаа Меланија, а таа имаше и можност да вежба калиграфија.