Џулиен Мур ги насочи кон себе објективите на фоторепортерите на свеченото отворање на Канскиот филмски фестивал во Франција.
57-годишната актерка изгледаше елегантно и младолико додека чекореше на црвениот тепих во црвена креација со наметка со пердуви од Живанши и складни сандали.
Мур беше дел од присутните на прикажувањето на „Everybody Knows“, првиот филм во рамките на фестивалот.