Наоми Кембел е протагонистката од најновото издание на британскиот „Вог“.
Атрактивниот модел го држи 9-месечното девојче во рацете додека со огромна гордост гледа во објективот.
Наоми ги изненади фановите кога во мај сподели дека стана мајка. Во интервјуто за списанието, таа ги поби гласините дека ќеркичката ѝ е посвоена и потврди дека е нејзино биолошко дете, но не сподели повеќе за околностите за нејзиното раѓање.
„Таа не беше посвоена, таа е мое дете“ – рекла Наоми и одбила подетално да разговара на таа тема.
Иако чекори во шестата деценија во животот, Наоми не се колебала дали да си го оствари сонот да стане мајка. „Отсекогаш знаев дека еден ден ќе станам мајка, но ова е најголемата радост што можам да си ја замислам. Среќна сум што ја имам и го знам тоа“ – вели среќната нова мајка.
„Таа е добро девојче, спие многу добро, ретко плаче и ми имаат кажано дека е многу напредна за нејзината возраст. Само што започна да мавта, што е забавно. Многу се смее. Пред прозборување е. Мислам дека може да прооди пред да започне да лази. И веќе има шест заби“ – додава Кембел и признава дека сега ги убедува и своите повозрасни пријатели да имаат деца.
Фотографиите од едиторијалот ги потпишува Стивен Мејзел.