Стилистка мами обожаватели со одличните комбинации и бестрашноста во модните експерименти.
Трејси Џески им помага на жените над 50 години да си го променат стилот за да блеснат во најдобро светло и да се чувствуваат одлично во својата кожа. Нејзина цел е да покаже дека годините се само бројка.
„Мојата мисија е да направам секоја жена да блеска и да се чувствува добро во сопствената кожа, како и да сфати дека годините навистина се само бројка. Тие не треба да дефинираат како да се чувствуваме, како да изгледаме или како да се облекуваме“ – вели таа.
Трејси е родена во Канада, се образовала во Њујорк, а сега живее и работи во Италија.
„Соединувајќи го италијанското „la dolce vita“ со среќата на канадската младина, Трејси работи во модната индустрија од 17-годишна возраст. Таа е барана од многу славни личности, водители, новинари и бизнис директори и обожава да работи со секој од нив на индивидуално ниво“ – пишува на нејзиниот сајт.