Меланија Трамп избра блескав стајлинг за новогодишната гала вечер, која нејзиниот сопруг Доналд Трамп традиционално ја организира секоја година во нивниот ресорт Mar-a-Lago во Флорида.
На свеченоста, 47-годишната прва дама на САД се појави во светкав фустан од Ердем, кој чини 3.075 евра.
Шармантната дама чекореше покрај 71-годишниот претседател на САД и нивниот син Барон.
Иако доби бројни комплименти, Меланија овојпат беше мета и на критичарите за својот моден избор.
На галата присуствуваше и Иванка Трамп со сопругот и двете деца.