На прв поглед, Ричард Херфелд и Штефи Каи се сè само не и обична заљубена двојка.
29-годишниот пејач и неговата 26-годишна девојка се облекуваат речиси ексклузивно во оригинални аутфити од 20-тите и 30-тите години на минатиот век. Нивната љубов кон винтиџ облеката е она што ги спои, а сега им носи слава на социјалните мрежи.
Ричард и Штефи се запознале преку Instagram каде и двајцата на своите профили го покажувале својот уникатен стил и љубовта кон старата облека. По десет дена, Ричард отпатувал во Германија за да ја запознае Штефи и тие се заљубиле еден во друг.
Сега, автентичниот пар живее во Торонто, во станот на Штефи кој е во ретро стил и кој бил изграден во 1920 година.
„Обожавам винтиџ уште од тинејџерските години. Се сеќавам кога тетка ми го чистеше таванот од домот во кој живееше како дете и во него имаше многу фустани од 30-тите години. Тетка ми беше решена да се ослободи од нив, а јас си ги одделив омилените парчиња, зашто знаев дека морам да ги имам“.
„Мојот стил е инспириран од Џин Харлоу и Златната ера на Холивуд. Филмовите имаат огромен удел во начинот на кој се облекувам“ – вели Штефи.
Околу 95% од нејзиниот плакар се состои од оригинални винтиџ парчиња.
Парот носи винтиџ облека дури и кога се релаксира дома.
„Се запознавме преку нашата заедничка љубов за винтиџ. Никогаш не сум сретнал некој со кого ми е толку лесно да сме заедно“ – вели Ричард.