Почетна » Новости » Занимливости » Винтиџ стил: Запознајте ја Лејси, дамата која го живее секој ден како да е во 50-тите години на минатиот век

Винтиџ стил: Запознајте ја Лејси, дамата која го живее секој ден како да е во 50-тите години на минатиот век

Ова е Лејси Феј, жена со ретро животен стил, која живее како да е во 50-тите години на минатиот век.

Лејси Феј Лејси Феј Лејси Феј Лејси Феј

Уникатната креаторка на YouTube каналот „The Vintage Girl Next Door“ не само што се облекува во алишта од 50-тите години, туку живее во дом уреден со винтиџ предмети купени на старо. Автентични фустани, обувки, шапки и брошеви од 50-тите години... Слободно може да се каже дека нејзиниот стил е несекојдневен во денешно време.

Лејси е во брак и има еден син.

Лејси Феј Лејси Феј Лејси Феј

Нејзината страст кон овој стил се развила од мали нозе додека ги слушала приказните на баба ѝ и дедо ѝ за животот во тоа време. Сè што ѝ раскажувале за тоа време било шаренолико и оптимистичко, па таа одлучила да се врати назад во времето.

„Треба да го правиш она што го сакаш, она што прави да се чувствуваш убава и да се облекуваш како што сакаш, да го носиш она што прави да се чувствуваш како да си ти.“

„Само што го облеков мојот прв фустан од 1950 година и си ја направив мојата фризура и шминка, тогаш веднаш се почувствував како себеси. Оттогаш никогаш не погледнав назад“ – објаснува таа.

Лејси Феј Лејси Феј Лејси Феј

Најголем дел од облеката и предметите таа ги купува од продавници за стари работи. Дел од облеката и од модните додатоци ѝ се подарени од луѓе кои ги чувале складирани.

Таа има голема поддршка и од нејзиниот сопруг Дејн, кој купи куќа изградена во 1953 година и заедно создадоа традиционален дом од 50-тите години. Куќата во винтиџ стил е опремена со предмети од продавници за предмети од „втора рака“. Единствено собата на нивниот син Конер не е во винтиџ стил.

„Кога ќе влезете, не сакам да изгледа како да е музеј од 50-тите години, туку како автентичен дом од тоа време. Луѓето кои ќе влезат во нашиот дом веднаш се насмевнуваат. Знам дека на луѓето им делува чудно, но секој од нас е чудак на некој свој начин“ – вели Феј.

Видео

Лејси Феј Лејси Феј Лејси Феј Лејси Феј Лејси Феј Лејси Феј Лејси Феј Лејси Феј Лејси Феј Лејси Феј Лејси Феј Лејси Феј Лејси Феј Лејси Феј Лејси Феј Лејси Феј Лејси Феј Лејси Феј Лејси Феј Лејси Феј Лејси Феј Лејси Феј Лејси Феј Лејси Феј Лејси Феј Лејси Феј Лејси Феј Лејси Феј Лејси Феј Лејси Феј Лејси Феј

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20844 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.